СДС освен што имаат проблем со својата понуда кон граѓаните, имаат сериозен проблем со меморијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се обидуваат со стари фотографии да шират лажни вести. Народот памети дека СДС и Пендаровски беа главните промотори на бугарските негаторски политики.

Прво, Стево Пендаровски беше тој кој што гордо кажуваше дека добил политичка поддршка од Андреј Ковачев.

Второ, Стево Пендаровски беше тој кој што ги застапуваше идеите на Ковачев дека Гоце Делчев е Бугарин, и после оваа бесрамна изјава на Пендаровски неговиот пријател Ковачев ја пофали и ја користеше како аргумент во Брисел и Софија.

И трето, Ковачев, пријателот на Пендаровски ги напаѓаше Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека се пречката на бугарската негаторска политика, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на СДСМ.

 

На денешната прес – конференција на СДСМ, беше истакнато дека сликите со Ковачев се потврда, бугарското и македонското ВМРО ја кочат нашата европска иднина.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Погледнете ги овие фотографии.

Овие од лево, Мицкоски и Силјановска се од политичката партија ДПМНЕ која не напаѓаше затоа што сме го заштитиле македонскиот јазик во ЕУ.

Главните кочничари на европскиот пат на земјата и подобра иднина на сите наши граѓани.

А ова од десно е европратеник од соседна Бугарија, познат како главен негатор на македонскиот народ, јазик, култура, историја.

Прашањето е што имаат заедничко Мицкоски и Ковачев? Што имаат заедничко Силјановска и Ковачев?

Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија.

Мицкоски  и Силјановска едно зборуваат јавно, друго прават зад грбот на народот.

Луѓе кои што го едно зборуваат а друго прават не можат да донесат ништо добро.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат.

СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина.

Со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа, беше речено на денешната прес конференција на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.