Претседателот Стево Пендаровски најостро го осуди палењето на влезот во културниот центар на бугарската заедница во Битола. Тој на Твитер напиша дека ваквите чинови се акт на провокација.

Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“, напиша Пендаровски.


Утринава беше запален влезот на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а Јавното обвинителство веќе издаде наредба за да биде извршен увид и да бидат откриени сторителите.

Претходно и Министерството за надворешни работи излезе со реакција осудувајќи го вандалскиот чин во Битола.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.