Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, Димитaр Ковачевски и членовите на Владата, соопштија од кабинетот на Претседателот.
На средбата претседателот Пендаровски упати честитки за изборот на новата Влада и посака успешна работа на новиот владин состав предводен од премиерот Ковачевски.
Претседателот изрази очекување дека новоизбраните министри доследно ќе ја реализираат поставената програма за работа и одговорно и посветено ќе се фокусираат на исполнување на стратешките цели и задачи во внатрешната и надворешната политика на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.