Далеку сме од ситуација во која ќе кажеме дека работата е завршена или дури и дека е поодмината во позитивна насока. Треба да бидеме многу претпазливи и да не избрзуваме, зашто станува збор за многу сензитивно прашње од највисок национален и државен интерес. Треба поширок општествен консензус и добро обмислување на секој нареден чекор, рече вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за телевизија 24 по повод денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков.
Според него, денешната посета на Петков, како за прво доаѓање во земјава, била одлична, а за поздравување е и тоа што Петков имал средба со опозициските партии.
Другата страна наметна сет прашања кои задираат во нашиот идентитет и ние тоа не смееме да го дозволиме. Затоа мораме при секој предлог што доаѓа од чија bило страна, па дури и од најновата Влада во Софија, три пати да мериме, еднаш да сечеме, напомена Пендаровски.
Петков, оцени Пендаровски, е нестандарден политичар, со нестандарден вокабулар.
Мислам дека станува збор за нетрадиционален политичар, со нестандарден вокабулар, кој не употребува реторика препознатлива за едни поранешни времиња. Во еден или два збора, би го опишал како технократ и оптимист. На заминувањето од кај мене, му реков дека знам само еден човек во политиката кој бил поголем оптимист од него – Зоран Заев, истакна Пендаровски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.