Започна асфалтирањето на дел од булеварот „Македонски Просветители“ во центарот на Охрид.

Како што соопшти градоначалникот Кирил Пецаков, се асфалтира делот кој беше опфатен во првата фаза од реконструкцијата на булеварот.

По целосното завршување на овој дел, активностите продолжуваат на делот опфатен во втората фаза од реконструкцијата на Булеварот „Македонски Просветители“. Согласно проектот предвидено е комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас, вели Пецаков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.