Бугарскиот историчар Димитров за нивните национални медиуми изјавува дека во време на „комунистичката власт во Македонија немало историска наука“, дека подигањето на ветото од Бугарија за почеток на преговори била само наша пуста желба и најважно од се, го оспорува континуитетот на Македонската православна црква, коментира професорката Ана Павловска Данева.
Таа вели дека на таквите изјави од бугарска страна нема ниту еден збор, ниту еден коментар од Македонија.
Еден, ама еден коментар на овие теми да чуевме од вас, македонските членови во мешовитата историска комисија? Барем една изјава со која ќе го заштите, прво, сопственото достоинство како научници (белким сте учеле од учебници и предавања на професори кои твореле и во претходното општествено уредување за кое Димитров вели сме немале историска наука) и второ, нашето колективно, национално достоинство така што ќе гукнете и ќе го одбраните и континуитетот на историската научна мисла во Македонија, но и континуитетот на нашата МПЦ!
Мене некако ми е срам од вас, а и ме револтира вашиов полтронски молк повеќе отколку националистичките изјави на бугарските историчари за нивните медиуми.
Доколку Владата писмено ви гарантира дека ќе продолжите да ги земате вашите месечни паушали се до конечно завршување на спорот (што и да значи тоа), дали тогаш може да не удостоите со по некоја јавна изјава во насока на зачувување на нашата национална историја и национален идентитет? – комантира Павловска Данева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.