Поранешниот македонски премиер и специјален претставник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, во интервју за бугарската телевизија „Нова“, изјави дека е можен договор меѓу Скопје и Софија за време на француското претседателство со ЕУ, но дека има групи и во двете земји кои работат да не се најде компромис.

Бугарија и Македонија можат да постигнат договор за време на француското претседателство со Европската Унија. Климата за преговори сега е подобра. Има шанса за договор следниот месец. Постојат групи во Софија и Скопје кои работат против компромис и договор меѓу нашите две земји – вели Бучковски.

Според него, петте руски дипломати протерани од Скопје станувале сè поагресивни во нивните обиди да го спречат договорот меѓу Македонија и Бугарија, како и желбата на Скопје да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Во однос на резултатите од пописот во Македонија, Бучковски посочува дека разликата во издадените пасоши и бројот на оние кои се изјасниле како Бугари се должи на тоа што повеќето пасоши се земени од економски причини и тие луѓе повеќе не се во државата.

Верувам дека сите кои сакаа да се изјаснат како Бугари за време на пописот го направија тоа – вели Бучковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.