Во Прилеп починала пациентка по рутинска хируршка операција, затворени се седумте сали во Општата болница. Причина – интерхоспитална инфекција, предизвикана од бактеријата „serratia“,  објави телевизијата Алфа.

Четворица пациенти кои претходниве денови биле оперативно лекувани, две на Гинекологија и по еден на Ортопедија и Хирургија, заради постооперативни инфекции, односно сепса, биле испратени на Инфективната клиника во Скопје, каде за жал, една од пациентките, пред четири дена и починала.

Станува збор за 52-годишна жена врз која била извршена полесна, рутинска хирурушка интервенција на Гинеколошкото одделение. Зафатот поминал без проблеми, немало крварење, но наместо да се опоравува, пациентката набрзо паднала во кома, по што ургентно била префрлена во Скопје каде и починала“, велат изворите на „ТВ-Алфа“.

Од менаџментот на Болницата утрово потврдиле дека сите операциони сали се затворени заради постоење на соменежи за интерхоспитална инфекција.

Стручна комисија допрва ќе треба да утврди за каков вид бактерија станува збор. Ќе треба да се почекаат и резултати од обдукцијата на починатата жена. Дотогаш, не би шпекулирале ништо. Неитните операции ќе се одложат, а додека итните ќе се прават во болниците во соседните градови, одговорија од Болницата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.