Поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е еднинствениот ексфункционер кој до денеска побарал апанажа. Претседателката на собраниската Комисија за избори и именувања Марија Георгиевска потврди за „Слободен печат“ дека е стасано само едно барање за апанажа и тоа од Нуредини. Ексминистерот за „Слободен печат“ вели дека парите од апанажата ќе ги донира на добротворна организација.

Побарав апанажа, но парите кои ми следуваат ќе ги донирам на добротворна организација, бидејќи за жал во Македонија има многу на кои им треба помош. По оставката од министерската функција се уште не сум одлучил каде ќе го продолжам мојот професионален ангажман. Сега извесен период ќе се посветам на семејството, изјави Нуредини за весникот.

На ексминистерот му следува да прима една година апанажа, бидејќи функцијата ја извршува од 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.