Канал 5 се обиде да добие став од тројцата доктори во однос на поканата на министерот Сали.

Пановски забележува на начинот на кој е поканет, односно преку социјалните мрежи.

Се знае каков е начинот за тоа, прво се разговара, па се објавува. На Фејсбук тој може што сака да пишува, вели Пановски за Канал 5.

Сличен став има и доктор Марковски. Нагласува дека е несериозно да се покануваат експерти преку Фејсбук. Тој додава дека Комисијата е советодавно тело на министерот, без суштинско влијание на било какви мерки.

Јас во 2020 година предложив Комисија за Ковид-19 како владино тело чии одлуки ќе бидат задолжителни, вели Марковски за Канал 5.

Доктор Даниловски неодамна соопшти дека нема намера да биде дел од Комисијата и да ја жртвува својат автономија, појаснувајќи дека Комисијата нема ингеренции да носи извршни одлуки, туку само заклучоци, кои му ги предлага на министерот.

За Сител телевизија, пак,  Д-р Пановски рекол дека нема да ја прифати оваа покана, Д-р Даниловски изјавил дека не сака да ја жртвува својата автономија. Не прифаќа да биде ниту дел од комисијата ниту советник на министерот бидејќи не функциониртаат автономно а нејзините одлуки не се извршни, а Д-р Марковски рекол дека Комисијата е советодавна на министерот без суштинско влијание на било какви мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.