ВМРО-ДПМНЕ е предводник на овој протест, но огромен број на луѓе ќе дојдат на протестот на 18 јуни, од сите партии и националности. На народот му е дојдено преку глава, не можат да го издржат повеќе ова страдање – изјави во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа, Александар Пандов, претседателот на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов истакна дека масовноста на протестот ќе биде одраз на лошиот живот во Македонија, затоа што обичниот народ пати изминативе години, а владата владава нема ништо добро направено и тоа го покажуваат сите бројки.

Пандов посочи дека колку и да се правда власта, реалноста е дека токму поради нив има толку висока инфлација и дека државава не памети толку високи цени,

Македонија не памети поскапи горива, а денеска има ново покачување. Поскапеа горивата, народот нема пари, народот со оваа влада станува се посиромашен и посиромашен мора да се стави крај. Крајот е предвремени парламентарни избори, да повлечеме црта и да тргнеме напред – вели Пандов.

Како што истакна Пандов, доказ за лошиот живот со оваа власт е тоа што на сите анкети младите кажуваат дека сакаат да си заминат од Македонија.

Младите на возраст од 18 до 35 години, над 80% на сите анкети велат дека би си заминале од Македонија. Тоа е страшно нешто. Ковачевски се провозел ли низ Македонија, видел ли како се живее? Се иселуваат луѓето и тоа е запрепастувачки, а оваа влада не ни разговара за тоа – потенцира Пандов.

Тој нагласи дека луѓето не ја напуштаат државава и само поради сиромаштијата туку и поради системот и нефункционалноста на македонското општество.

Овие 4-5 години на граѓаните им е дојдено преку глава.  И тоа ни е показател како гледаат на денешното живеење. Можеби и да не работат ќе направат подобро нешто, затоа што со се што прават тоа е лошо за државава – рече Пандов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.