Патриотскиот институт „Гоце Делчев“ денеска одржа протести пред затворите во Прилеп и Штип, каде отслужуваат казни дел од осудените за случувањата од 27 април. Порачаа дека ќе продолжи борбата за правда и слобода на како што велат осудените на драконски казни.

Под еден, физичкото насилство извршено од неорганизирани поединци го осудуваме, но не на „тероризам”, бидејќи таков објективно и фактички немаше – за разлика од судско обвинителскиот терор со злоупотреба на моќ и монтирани процеси, кој е очигледно за секој чесен и објективен граѓанин на Македонија, рече Александар Пандов, претседател на институтот.

Поддршка даде и претседателот на Унијата на ветерани, Мане Јаковлевски.

Местото на овој затвор и не само на овој затвор, во Штип, Куманово и Прилеп е токму за тие кои што се викаат партија СДСМ, на чело со нивниот Зоран Заев. На Македонија и се потребни родољуби, на Македонија и се потребни патриоти кои што можат уште нешто ако може да се спаси од државата или што остана уште за спасување, порача тој.

Оперскиот пејач и еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, пак, со протестен перформанс ја одбележа пет годишнината од настаните на 27 април.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.