Оперскиот пејач и еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски денеска со протестен перформанс одбележа пет години од настаните на 27 април.

Тој седеше зад импровизирани решетки пред Собранието на Македонија, во паркот Жена борец, со лента врз устата. На кафесот, кој симболизира затвор имаше натпис: „Молчењето е залото / злото“.

Дурловски не даваше изјави за медиумите, зашто, како што пишува на кафезот во кој го изведе перформансот, „молчењето е зла(о)то“.

Пораката што сакаше да ја испрати подоцна ја сподели и на Фејсбук, споделувајќи порака и од Ана Дурловски.

Решетките не може да ја ограничат слободата на духот, ниту љубовта кон татковината! Слобода за политичките затвореници! “Молчењето е злОто 27А”

Кривичниот суд Скопје донесе драконски казни за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Шеснаесет од седумаесетте обвинетите во настаните беа осудени со вкупна затворска казна од 211 години. Ослободен од обвинение за тероризам беше само оперскиот пејач Игор Дурловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.