Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка.
Ова на денешната прес-конференција го откри министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.
Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока, вели Ристовски.
Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортитсти кои ги рекламираат овие компании.
Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, нагласи Ристовски.
Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.