Скопјанецот Љупчо Палевски Палчо неофицијално е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, објавија дел од медиумите. Според неофицијалните информации и двете убиства биле организирани од скопјанецот Палевски, познат како Палчо, кој избегал во Турција.

МВР соопшти дека петмината приведени имаат врска со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Девојчето исчезна на 27 ноември, а Панче на 24 ноември. Телото на Вања е пронајдено во околината на Скопје, а телото на Панче во околината на Велес. Девојчето било земено со автомобил непосредно до местото каде што живее. Автомобилот бил на Жежовски кој претходно е убиен, а возилото е запалено по убиството на младата Вања.

Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е користољубие. Според обвинителот, сите осомничени се Македонци.

Жежовски во Велес бил познат по својата професија, фризер и како кандидат за градоначалник од партијата Единствена Македонија. Тој живеел сам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.