Во Инфективното одделение во Куманово пациентите се третираат во ходник, поради недостиг на простории. Низ ходниците се поставени кревети каде заразените пациенти примаат инфузија, а тука се и оние кои ги чекаат резултатите од тестот. Лекарот Алириза Османи вели за ТВ 21 дека станува збор за пациенти кои примаат дневна терапија или пациенти кои доаѓаат на преглед, а кои не се тестирани.

„Станува збор за пациенти кои добиваат дневна терапија или евентуално доаѓаат да се прегледаат и има потреба од давање терапија поради замор или малаксаност на пациентот. Има многу кои не се тестирани“, вели Алириза Османи

Има околу 50-тина пациенти кои се третираат. 18 се на инфективно, 33 во модуларниот центар, а над 60 пациенти доаѓаат по дневна терапија. Освен простории, Инфективното одделение во Куманово има дефицит и на медицински персонал.

„Дел од персоналот е заразен, некои се изморени, некои од други причини. Бројот на лекарите, на медицинскиот персонал воопшто и на медицинските сестри е недоволен, имајќи го предвид напливот на пациенти“, рече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.