Околу 1.200 пациенти, меѓу кои и болни од рак повеќе од шест месеци чекаат да им се прочитаат резултатите од компјутерска томографија и магнетна резонанса на скопската Клиника за радиологија, пишува „Фокус“.
Според информации на „Фокус“, од јануари досега не биле прочитани резултати од магнетна резонанса на глава, врат, рбет, и еден и куп компјутерски томографии. На клиниката има повеќе од 20 лекари кои реално на дневно ниво еден доктор да чита 20 резултати за три дена ќе можат да се прочитаат сите резултати.
Како што пишува „Фокус“ многу од пациентите на кои животот им зависи од овие резулатите чекаат со месеци, а меѓу нив се и болни од карцином, кај кои треба веднаш да се реагира, за да знаат како понатаму со терапијата. Тоа што е уште пострашно во целата приказна е што дел од пациентите и починале додека да ги дочекаат резултатите.
Целиот текс тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.