Чиста формуација за „отворање на преговорите за пристапување“ без креативните решенија две фази, како во македонскиот случај, содржи текстот на преговарачката рамка за Албанија, до кој дојде Телма.

Документот е со ист датум 17 jуни 2022 година, кога беше објавен и првичниот предлог на преговарачка рамка за Македонија, кој Владата го одби, за потоа да дојде видоизменетиот француски предлог, кој сега предизвикува големи поделби и меѓу партиите и експертската јавност.

Во предлог-преговарачката рамка за Албанија нема никакви други дополнителни услови. Ниту во т.н. изјава за отворање на Првата меѓувладина конференција, ниту во генералните позиции на ЕУ. Се нотира само посветеноста на Албанија за решавање на граничниот спор со Грција, за што двете земји веќе имаат постигнато договор да се реши со арбитража. Но тоа е во издвоен параграф и не е условно поврзан во ниту еден контекст со општата консттација за добрососедски односи и регионална соработка.

Според дипломатски извори, ниту преговарачката рамка за Албанија, ниту изменетата за Македонија, формално не се ставени на маса и не се финално потврдени od земјите членки. Но, додека се чека македонското – да за изменетиот француски предлог, за документот за Албанија, не се очекуваат измени. Иако, признаваат дипломати, имало идеи со Заклучоците да се обезбеди „некаков баланс“ во процесот, бидејќи двете земји досега беа во пакет. Но, тоа според истите исвори е малку веројатно, иако не и сосема исклучно, бидејќи до формалното отворање на првиот кластер или втората Меѓувладина конференција, Македонија ќе мора да го смени Уставот за во него да ги внесе Бугарите, без што земјата нема да може да го продолжи процесот.

 „Отворање на преговорите„ vs“ започнување на прва фаза“  

Всушност, споредбата на содржината и формулациите во двата документи ( во македонскиот случај тоа се две меѓусебно поврзани меѓувладини конференции) јасно ги отсликуваат разликите и преседанот кон е направен за Македонија.

Албанија ги почнува преговорите со Првата меѓвладина конференција, на која ќе биде претставена и преговарачката рамка. (види слика)

Во точка 11 од т.н. воведна изјава на ЕУ, изјава за отворање јасно стои дека ЕУ на првата Меѓувладина конференција ја претставува и Преговарачката рамка, претходно оутврдена од Советот. (види слика во прилог)

Предлогот за Македонија го има преседанот со креативното решение за прва фаза во отворањето на преговорите. Во воведната изјава за Првата политичка меѓувладина конференција пишува прецизно: започнување на првата фаза од преговорите за пристапување.

Дополнително, во точка 11 од Воведната изјава јасно е нагласено дека Преговарачката рамка ќе биде презентирана на Втората меѓувладина конференција или прецизно според формулацијата „на следниот состанок на меѓувладината конференција која сме подготвени да ја одржиме без понатамошни одлагања или дополнителна политичка одлука, веднаш штом Македонија ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени…“

Оттука, поради потребата, или условот за промена на Уставот, за во него да се внесат Бугарите (а заедно со нив и Црногорците и Хрватите) „пакетот“ Македонија – Албанија всушност се раздвојува и европскиот пат двете земји, барем во почеток, го одат по два различни колосеци.


Целиот текст ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.