Неколку дена откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе Декларација за заштита на македонскиот великан Гоце Делчев од СДСМ стигнуваат најави дека такво нешто нема да поддржат.

Како што се изјасни денеска Јован Митревски СДСМ наместо поддршка бара ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларација која ако се донесе ниту една партија нема да може да преговара за ликот и делото на Делчев и би била еден вид на државна позиција.

Ваквиот став на власта можеше да се насети уште на одблежувањето на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев кога ниту премиерот Ковачевски ниту претседателот Пендаровски во своите објави не се изјаснија за неговата националност односно дали тој е Македонец или Бугарин.

Власта за опишување на Делчев ги коритеше термините „великан“ или пак македонски револуционер“. Дали е Македонец не се изјаснија.

 

Но, бугарскиот премиер Кирил Петков немаше никакви дилеми.За него Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за ослободување на Македонија од Османлиите.

По ова станува јасно дека власта на ДУИ и СДСМ не само што разговара туку преговара за Гоце Делчев.

На Османи, Ковачевски и Пендаровски треба едно да им биде јасно: Падне ли Гоце Делчев паѓаат и сите Илинденци и Илинденското востание.А потоа нема назад.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.