Косовските власти прво треба да ги признаат пресудите на нашите судови. Документацијата се уште не е комплетирана. Откако ќе се комплетира, ќе се размислува за можните варијанти и во координација со МВР и косовските власти ќе се утврдува дали постои можност за такво нешто, наведуваат од Министерството за правда по пишувањата во дел од медиумите дека не е исклучена можноста 13-те затвореници од т.н. Кумановска група за случајот „Диво насеље“ од „Идризово“ да бидат префрлени на Косово.
Косовска „Коха“, го пренесува интервјуто на министерот за правда Кренар Лога за косовскиот сервис за „Радио Слободна Европа“, во кое, како што пишува, истакнал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.