Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, побарал до Судскиот совет разрешување на одговорност на судијата на претходна постапка Седат Реџепагиќ, кој ја дал наредбата за претрес на Финансова, на барање на обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, објави СДК.МК.

Претходно тој претставка за незаконски претрес според него, поднесе и до Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој кажа дека денови ќе се изјасни за наводите во претставката.

Да, точно е, во архивата на Судскиот совет е заведено барањето за испитување одговорност на судија. На некоја од следните седници на Советот, по пат на ждрепка ќе се формира комисија од три члена. Таа комисија ќе подготви записник – дали постапката за судијата ќе продолжи или ќе прекине. Со оглед дека ваквите предмети се доверливи Судскиот совет во моментов не може да изнесува повеќе детали, одговориле од Советот, со објаснување дека постапката била тајна и оти до правосилност, нема да открива имиња на судии.

Вчера пак, кривична пријава за малтретирање во вршење на службата, но и за насилство, против директорот Муареми поднесе дебарски бизнисмен, кој тврди дека бил малтретиран и рекетиран од него. Кривичната ја поднел до Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Во меѓувреме, Русковска се пожали на притисок во вршење на самостојната работа на обвинителството од Муареми, кого го именува Владата.

Целиот текст на СДК.МК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.