Црвените линии остануваат, нема да се преговара за јазикот и за идентитетот, вели во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска. Запрашана за начинот на кој новото партиско раководство ќе се постави во проблемот со Бугарија, Стојчевска вели:

„Морам да напоменам дека нашите црвени линии се истите. Јазикот и идентитетот не ги преговараме. Ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик. Верувам дека ќе се продолжи со позитивен дискурс, со позитивна политика, бидејќи мора да разбереме дека не се преговара само за историјата. Со Бугарија треба да преговараме на уште многу други полиња, како инфраструктурата, културата, образованието, економијата и тн. Мора да ја отстраните перцепцијата дека сме еден на друг непријатели“, вели Костадиновска Стојчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.