Maкедонија ја тресе еден од најголемите скандали за време на владеењето на СДСМ и ДУИ. И за разлика од другите криминали на кои сме навикнале, овде директни жртви се граѓани кои се лечеле од рак на Клиниката за онкологија.

Болните таму влегувале со надеж дека ќе се спасат од смртоносната болест со редовни терапии. Но, што се случувало? Пациентите наместо цитостатици добивале обичен физиолошки раствор од кој мислеле дека ќе им биде подобро не знаејќи што примаат.

Вистинската терапија завршувала во Косово или пак пациенти на Косово, а за тоа дебел профит имале медицински сестри, но и врвот на Клиниката.

Премиерот Ковачевски денеска невешто се обиде да испере и да го релативизира случајот и се пожали дека „се сака да се креира слика на вмешаност само на одредени лица во зависност од нивната припадност“.

 

Она што можам да кажам е дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен – рече Ковачевски.

Не, премиере, овој скандал или убиство на луѓе има точни виновници со име и презиме од кои некои се во вашата партија, а дел кај вашиот коалициски партнер ДУИ.

Да почнеме со ред. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, кој го исфрлил системот со кој може да се контролира следењето и чувањето на дозите цитостатици, се вика Нино Васев и е кадар на вашата партија наречена СДСМ. Васев им држел предавања на општинскиот комитет на СДСМ-Бутел. За што, можеме само да нагаѓаме.

Одиме понатаму. Вашиот Васев е фотографиран со поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, а оваа злоупотреба не се случувала од вчера.

Тој истиот Филипче и Васев, заедно со Зорица Заева, сопруга на „славниот“ Зоран, кој сега е прв другар со Венко. Кругот е тој, а во него сме сите. Да биде иронијата поголема, госпоѓа Заева делеше перики за болните од рак на дојка кои мислеле дека се лечат на истата клинка за смрт.

Да видиме малку што се случува и во коалцискиот двор. Таму, пак, економскиот директор на клиниката, Нехат Нухи, за кого има соменвања дека креирал лажни списоци на заболени од рак оди кои некои биле и од неговото семејство, е фотографиран со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Затоа, овој скандал не смее да остане неказнет или повторно да биде виновен кабелот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.