Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ денеска изрази загриженост за зголемувањето на српските воени трупи долж границата меѓу Косово и Србија.

На својот профил на Фејсбук тој напиша дека денеска го контактирал српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за да ја изрази нашата загриженост.

-Ги поздравувам изјавите за повлекување на војската како прв чекор кон деескалација. Ја поздравувам одлуката на НАТО за дополнителни трупи на КФОР. ОБСЕ присутен и подготвен да помогне во намалување на тензиите и поттикнување на дипломатскиот процес, пишува Османи на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.