Треба добро да се анализира тоа дали е акт на еден човек или акт поттикнат од некој центар, бидејќи не сметам дека е случајно избран тој ден. Не можам да кажам дали е член на некоја конструктура, има судски процес, но луѓето можат да бидат злоупотребени и нивните емоции во вакви случаи, вели македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи за палењето на влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, за што е осомничен пејачот Ламбе Алабаковски.
Мислам дека е тешко баш коинциденција во истиот ден. Не би се осудил да направам оценка лично за извршителот. Не може кривично дело да биде оправдување за било која емоција што ја имаат луѓето. Треба да се испита контекстот, додаде Османи во гостувањето на емисијата „Само интервју“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.