Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска е во посета на Софија каде се сретна со привремените власти на Бугарија која има техничка влада.

И наместо како што е редот министерот од ДУИ да ги брани интересите на земјата која ја претставува, тој повеќе се грижеше за Бугарија и за т.н проблем со отворањето на клубот што неодамна го отворија припадниците на непризнаеното македонско малцинство.

Милков и Османи се сложиле дека не треба да се дозволи бројните провокации од групи и поединци во двете земји да го нарушат процесот на зајакнување на добрососедските односи.

-Сакам да верувам дека заедно со колегата Милков ќе сториме сѐ за да не дозволиме други да ни ја водат надворешната политика, други на ди ги кројат билатералните односи, туку ние двајца, заедно со дипломатите од нашите министерства, во духот на европските вредности ќе продолжиме да градиме европска иднина за сите наши граѓани. Не треба да заборавиме дека сме ние актуелни сојузници во НАТО, идни партнери во Европската Унија, но пред сѐ пријатели и добри соседи, и очекувам нашата соработка да се развива соодветно, истакна Османи.

Го прашуваме министерот кои се тие групи кои сакаат провокации. Дали за провокатори ги смета оние кои го отворија клубот „ Никола Вапцаров“ чие здружение неговите денешни домаќини побрзаа да го затворат?

Министерот дури и најави оти ќе предложи Владата да го испрати Законот за здруженија во Венециската комисија за мислење. Ова е еден од ретките закони кој доби поддршка и од власта и опозицијата и нејасно е што му пречи на Османи?

Дали за него е спорно што во иднина нема да смејат да се отвораат клубови со имиња како Ванчо Михајлов“ или пак „Цар Борис“ и неговиот дедо Фердинад. Од друга страна Османи едвај дочека Бугарија да го затвори клубот „Никола Вапцаров“ кој навистина е личност кој може да обединува.

Чудни некои критериуми министре.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.