Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на неговата посета министерот Османи ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Покрај средбата со генералниот секретар на НАТО, министерот Османи ќе се сретне со високи претставници на ЕУ. Во рамки на посетата министерот ќе одржи и брифинг во Центар за европски политики на тема: Македонија и ЕУ: Движејќи се кон повеќе интеграција.
Работната посета на Брисел, Османи ќе ја заврши со присуство на прием по повод Денот на независноста на Република Македонија во организација на нашите мисии во ЕУ и НАТО и Амбасадата на земјава во Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.