Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска престојува во работна посета на Киев, каде ќе оствари средба со неговиот украински колега Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина.
Како што соопшти МНР, предвидено е Османи и Кулеба да разговараат за руската воена агресија на Украина и начините како меѓународната заедница, вклучително и Македонија, можат да помогнат.
Во Киев Османи беше пречекан од амбасадорот на земјава во Украина, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.