„Алијансата за Албанците постојано ги искажува своите дилеми и забелешки за раководењето на Собранието од страна на спикерот Талат Џафери, но се уште нема конкретен одговор дали ќе ја поддржи, или не, иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за отповикување на Џафери. Пратеникот на Алијансата за Албанците Елми Азири во емисијата ‘Патот кон’ изави дека нивната пратеничка група ќе разговара за ова прашање и потоа ќе донесе конкретна одлука“ – објави ТВ Алсат.

На својот интернет портал ТВ Алсат го пренесе искажувањето на пратеникот Елми Азири во овој контекст: „Алијансата за Албанците постојано беше под притисок, или стремеж да биде бојкотирана, да биде отргната од јавното мислење од страна на претседателот на Парламентот Талат Џафери. Јавноста ги следеше тековните расправи и судири на координаторката на нашата пратеничка група Илире Даути со претседателот на Собранието Џафери, поради стремежот да им го ускрати правото на пратениците на Алијанса за Албанците да зборуваат, како и поради оставањето тие да зборуваат секогаш на крајот, како што беше со пратеничките прашања… Тоа е автократско раководење на Талат Џафери и со полно право можеме да кажеме дека тој е претседател на пратениците на ДУИ, а на ниеден начин не е претседател на сите пратеници во Парламентот на с.Македонија, поради партиските сегрегирања, што ги направи тој. Алијансата за Албанците е опозициска партија и врз основа на оваа наша позиција ќе расправаме во нашата парламентарна група и ќе донесеме одредена одлука.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.