Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денеска и утре ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за надворешни работи што ќе се одржи во седиштето на Алијансата во Брисел.

Како што соопшти МНР, централна тема на сесиите ќе бидат актуелните безбедносни состојби предизвикани од руската воена инвазија врз Украина, како и за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирање на безбедноста на сите земји членки на НАТО.

Министрите ќе разговараат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, односите со земјите партнери на Алијансата, како и за начините за унапредување на политичката и практична помош за партнерските земји кои се изложени на поголем ризик



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.