Тензиите ги најавија од почеток. Прво велеа не може министер од оваа етничка заедница да решава за вакви прашања. Цело време се обидуваше да се внесе прашањето во делот на меѓуетничките прашања, па да се спинува за моја изјава во која зборував за хармонијата во целина. Политичките партии треба да се свесни за одговорноста што ја имаме. Отворивме широк консултативен процес. Гледајте ги протестите и ќе видите дека има сценарија во кои коалициските опозициски партнери се обидуваат да ја ескалираат состојбата со цел да придобијат некој политички поен повеќе. Тоа нема да не одврати, рече вечерва министерот за надворешни работи, Бујар Османи, говорејќи за протестите против францускиот предлог што се одржуваат веќе шести ден.
Шефот на дипломатијата потенцира дека граѓаните имаат право на протести и на свои забелешки.
Најдобро е на маса, на дебати, на различни политички форуми, да ги објасниме сите аргументи, додека ние тоа не го направиме нема да продолжиме напред, додаде Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.