Актуелниот градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски најави формирање граѓанско движење кое задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори.
Денеска Здружението „За Наше Куманово”, на состанокот на извршниот одбор, а потоа и на вонредната седница на Собранието во проширен состав, детално го разгледа понудениот Француски предлог и ги донесе следните заклучоци:
1) Предлогот е целосно неприфатлив и штетен, и директно навлегува во македонските национални интереси. Нема јасна формулација и гаранција за македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската историја и заштита на македонските историски настани и личности.
2) Како таков, прифаќање на овој Француски предлог би претставувало невиден преседан и велепредаство на македонската држава, самоукинување на македонскиот јазик, нација и самобитност, за која многу македонски синови и ќерки го дале својот живот низ историјата бранејќи ја и создавајќи ја нашата татковина Македонија.

3) Како здружение кое е про-европски ориентирано, сметаме дека предлогот не ги содржи основните темелни вредности на европската цивилизација: правото на самоопределување и чувството за припадност на една нација, рамноправност, почитување на човечки и граѓански права, толеранција и правата на малцинствата.
4) Овој предлог, во ваква форма, не го отвара патот на Република Македонија кон исполнување на нашата стратешка цел, почеток на преговори и влез во Европската Унија. Напротив, ја остава можноста за долгорочна блокада од страна на Република Бугарија и претставува опасност за асимилација на македонскиот народ, т.е. бугаризација.
5) Отварањето на Уставот на Република Македонија и вметнувањето на бугарскиот народ во истиот е неприфатливо, затоа што нашиот сосед Република Бугарија не го признава македонскиот јазик и македонскиот народ. Тоа единствено може да се оствари по принципот на реципроцитет и обострано и взаемно признавање на народите и јазиците.
6) Бараме Владата на Република Македонија веднаш да ја обелодени содржината на Протоколот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија формирана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добро соседство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Без разлика на тоа што сега зборот Протокол е заменет со фразата „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“ суштината е иста, а протоколот има доминантно место во документите на ЕУ поврзани со нашата ЕУ интеграција.

7) Бараме од Претседателот на Република Македонија, господинот Стево Пендаровски и од Претседателот на Владата на Република Македонија, господин Димитар Ковачевски да го отфрли овој предлог како директна закана за националните интереси на нашата држава.
😎 Ги повикуваме пратениците во Собранието на Република Македонија без разлика на нивната политичка и етничка припадност, веднаш да го отфрлат овој предлог и јавно да се оградат од него. Ова се историски моменти од кои враќање назад нема.
9) Здружението на граѓани „За Наше Куманово“ го подржува правото на секој граѓанин, поединец, да го изрази својот став, револт, незадоволство, преку протест, како основно демократско право, но не подржува насилство, инциденти и настани (сценарија), кои ги поткопуваат и рушат институциите на државата и подгреваат меѓуетнички тензии.

10) Сметаме дека за вакво историско прашање, кое одлучува за судбината на македонската држава, постоењето на македонскиот јазик и нација, не треба одлука да носи Владата и Собранието, туку преку институцијата референдум, треба да се изјаснат граѓаните на Република Македонија.
11) Здружението „За наше Куманово“ го осудува непрофесионалното менаџирање на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со МВР, како и во последните случувања при протестот кај ТЦ Мавровка во Скопје и бара негова неотповиклива оставка од функција Министер на МВР и поставување на негово место професионалец со искуство кој што ќе работи неселективно без политички калкулации и согласно законските овластувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.