Уште малку денови до следната одлука на Европскиот совет за отворање на преговорите со Македонија и Албанија. Пакетот Скопје-Тирана остана блокиран само поради една земја-членка, Бугарија! Комплицирањето на политичката состојба во Софија не е случајно, смета министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Има надежи, но не сака да ги подгрева очекувањата. Како што вели, доколку има волја, спорот може да се надмине многу брзо.
Јас нема да запрам до 30 јуни, ниту една секунда, бидејќи мислам дека има простор, мислам дека со малку политичка волја, ние уште утре би можеле да го затвориме ова прашање, потпирајќи се на решенијата за кои разговаравме досега за време на последните средби. Елементи и решение за секој проблем има, но формализиран и потпишан договор нема, вели Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.