Министерот за надворешни работи Бујар Османи, по денешната средба во Киев со неговиот украински колега Дмитро Кулеба, изјави дека слободата на Македонија и секоја друга европска земја денес се брани во Украина и Украина ја заслужува сета почит помош и поддршка поради тоа.
Османи додаде дека нашата држава од почеток се приклучила кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација.
Како што соопшти МНТА, централна тема на разговорите на оваа втора средба на Османи и Кутлеба во само неколку недели, била руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко.
Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност – се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.