Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретнал со Петар Колев, претседател на Граѓанско демократската унија во Македонија.

Како што објави на својот фејсбук-профил, средбата била за размена на мислења за актуелните внатрешно – политички актуелности, но и за севкупниот контекст на односи во врска со обновениот дијалог меѓу владите на Македонија и Бугарија.

Нашето општество има нужна потреба за конструктивна атмосфера за важните прашања кои ја детерминираат европската иднина на државата. Оваа дебата налага искрен пристап од сите актери во земјата, при што сите треба да вложиме напор да ги надминеме и меѓусебните разлики и да изградиме заеднички позиции кои ни се многу потребни. Ни треба кохезивност во овој процес, во интерес на добрососедските односи и во интерес на важноста за негувањето на хармонични односи внатре во државата меѓу сите политички групи и заедници, како што впрочем и доликува на меѓуетничкиот модел на нашата успешна приказна како држава, објави Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.