„Премиерот Рама беше многу остар кон бугарската делегација во Солун, до толку што и тие се вознемирија, посебно кон прашањето за Македонија велејќи дека ова што го прави Бугарија е голем срам“, коментираше министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 околу реакцијата на Еди Рама кога го претстави премиерот Ковачевски како премиер на „идна Западна Бугарија“.

Османи кажа дека пред да ја каже таа шега, Рама жестоко ја бранел Македонија.

„Секако дека и Албанија е жртва на ова, но ви кажувам дека Рама беше отворен во неговите критики, фактички тој кажуваше нешто што ние не можеме поради одржување на процесот жив. Рама не е должен толку силно да ги подржува нашите ставови, а тоа сите што беа таму го видоа, затоа мислам дека оваа критика кон него е бесмислена и некоректна. Секој кој ја следел неколку часовната дебата внатре ќе знаат која беше целта на тој сарказам. Јас можам во името на владата само да се заблагодарам за силната поддршка која таму ни ја даде премиерот Рама“, вели Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.