Вечерва во студиото на ТВ21 се одржува претседателски дуел меѓу кандидатите од Европскиот Фронт, Бујар Османи и од Вреди, Арбен Таравари.

Кандидатот Османи посочи дека овие избори се народен референдум за тоа каква држава сакаме.

„Овие избори се специфични, не се обични како бирање меѓу мене, г. Таравари или другите пет кандидати, туку е одлука на граѓаните каква држава и каква иднина сакаме. Бидејќи се наоѓаме пред две патишта, едниот овозможува бериќетна европска иднина и друг пат кој не носи во изолација, без перспектива и нејасност. Овие избори се народен референдум за тоа каква иднина сакаме, се наоѓаме на овој крстопат кој ќе ја определи судбината на луѓето кај нас. Јас овој пат на европска и евро-атлантска интеграција на земјата го почнав пред неколку години, отворив многу интеграциски процеси, раководејќи ги главните интеграциски договори и сакам во улога на претседател да го заокружам најголемиот сон на нашите граѓани односно интеграција во ЕУ, вели Османи.

Тој додава дека оваа програма ја нарекол „Декалог на европскиот претседател“ бидејќи има 10 ветувања, а се основа на три главни столба.

„Прво, претседателот како компас на гео-стратешката ориентација бидејќи кај нас улогата на претседател е ограничена. Претседателот треба да биде гласот на разумот, треба да биде морална вертикала која ги држи гео- стратешките линии на државата и гледајќи што се случува на политичката сцена, гледајќи ги наративите кои се презентираат последно време, многу е важно да имаме претседател кој ќе биде чувар на гео-стратешката ориентација. Второ, претседателот како поврзувачко ткиво на политичките и етичките наративи и претседателот како креатор на државен консензус. Сметам дека Македонија има застој во своето развивање поради перманентните политички и етички кризи и улогата на претседателот е да биде спојувач на овие наративи кои не ретко се противречни и треба да постои институција, поголем авторитет кој ја спојува политичката сцена, го спојува општеството во една меѓуетничка хармонија, меѓу-политичка соработка и евро-атлантска ориентација и во оваа перспектива ја гледам улогата на претседателот. Кога сме кај ветувањата, ветувањето број 1 што е продолжување на моите постојани обиди е интеграцијата во ЕУ до 2030. Ова е поради фактот што гледам прозорец на можност кој е отворен како резултат на руската агресија во Украина и освестување на ЕУ вклучувајќи ги и граѓаните во ЕУ дека проширувањето на ЕУ е инвестиција во безбедноста на Континентот и овој прозорец на можности нема да трае вечно, ќе се затвори во мигот кога геополитиката ќе омекне. Имајќи предвид дека ЕУ веќе вети за 2030 како прва индикативна година за проширување, јас сметам дека Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса и мора да ги отвориме поглавјата, првото поглавје 23-24 или кластерот на фундаменти во 2024, што подразбира уставни измени веднаш по избори, дури пред формирање на Владата и завршување на поглавјата до 2028 година, со тоа што да дозволиме една до две години до 2030 година да заврши ратификацијата на договорот за членство во парламентите на Е, важен дел од интеграцискиот процес е идеја што сум ја започнал јас како нов пристап во интеграција и ЕУ го има предложено а тоа е концептот повеќе интеграција пред членството затоа што денес интеграцијата е се или ништо, до зачленување не добиваат ништо граѓаните и со овој нов пристап ние бараме државите кандидати да имаат пристап во фондовите на ЕУ, заедничкиот пазар и формалните тела на ЕУ пред членство“, вели Османи.

Тој додава дека денеска ЕУ и Парламентот го усвоиле пакетот од 2 милијарди евра директни грантови за земјите кандидати и 6 милијарди евра во форма на кредити.

Како добар познавач на овој процес и како идеатор на овој процес мислам дека ќе можам улогата на претседателот да го туркам напред, порача Османи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.