Министерот  Бујар Османи очекува уставните измени што поскоро да влезат во собраниска процедура и за нив да гласаат сите пратеници, вклучително и опозициските од ВМРО-ДПМНЕ, освен пратениците на Левица.

Мислам дека до ноември 2023 година треба да бидат завршени. имајќи предвид дека во просек шест месеци траат сите три фази од уставните. Најдоцна до пролет треба да влезе во парламентарна процедура. Јас сакам уште во јануари да биде во процедура. Нема ништо контроверзно, нема потреба да се држат граѓаните и државата во заложништво за нешто што сите имаме интерес. Се надевам што побрзо да бидат доставени. Првото гласање е со двотретинско мнозинство, второто е со 61 пратеник, третото е со двотретинско. Ако пропадне на првото, се ризикува процесот. Треба да бидеме сигурни дека ги имаме 80 пратеници на првото гласање. Не сме далеку, блиску сме, меѓутоа треба да се имаат. Јас би сакал цел парламент, освен Левица да гласаат за уставните измени, рече министерот во емисијата „24 анализа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.