Никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова централно претседателство, бидејќи е член на претседателството, вели портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи
По вчерашниот состанок на Централниот совет на ДУИ, Османи вели дека односите во партијата се добри и дека новата енергија на партијата ќе биде видлива во периодот кој следи. За проблемите со кој се соочувале, вели тие се слични во сите партии и организации но проценките се прават во однос на тоа дали постои капацитет да се надминат и од тешкотиите да се создадат можности.

Односите се добри, политичките организации се всушност составени од луѓе кои претставуваат различни електорати и не секогаш интересите на различните електорати, на мојата населба, не се исти со интересите на некој друг град како Струга, Тетово и Гостивар. Но, успешноста на организацијата се цени по тоа дали различните погледи може да ги стави во фукнција на една моќна организација која им служи на луѓето, реализира, испорачува и победува. А ДУИ тоа го прави, изјави Османи.

Тој воедно кажа дека по партискиот сотанок се пласирале многу погрешни информации, во однос на тоа дека некој добил смена од функцијата.

Тоа не е точно. Значи никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова централно претседателство, бидејќи е член на претседателството, рече портпаролот на ДУИ.

Според Османи, ДУИ во овие дваесет години се покажала како лидерска партија која нема изгубено ниту едни избори и станува се посилна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.