Изминавме интензивен период на широки консултации за предлогот на Француското претседателство, веројатно најшироките консултации за било која тема досега. Не беа лесни, ниту едноставни, создадоа и емотивни реакции и прифаќам дека на моменти создадоа нервоза и кај нас, кои сме упатени да не дозволуваме да не совладаат емоциите, напиша на Фејсбук министерот за надрворешни работи Бујар Османи.

Без разлика, колку и да ни се допаѓаа или не, без разлика колкава главоболка ни создадоа, овие широки консултации сепак беа продуктивни и создадоа јасни линии на внимателност, ако сакате упатство каде и како понатаму со европските интеграции. Ги прифаќам сите загрижености како автентичен изблик на внимателност кој преку заклучоците во Собраните сега стануваат обврска и за Владата, и за мене, и за целиот преговарачки тим. Ја разбравме пораката и подготвени сме да одговориме на сите предизвици. Сега е време да подвлечеме линија. Имаме многу работа и бројни предизвици пред нас, но ако нешто не научи нашата кратка современа историја, тоа е дека сите предизвици, колку и да се комплексни, умееме да ги надминеме и да продолжиме на европскиот и евроатлантскиот пат, истакна Османи.

Ова е мој последен апел до пратениците. Имавме жолчна и многу емотивна дебата, но државата мора да продолжи напред. Граѓаните ни дале доверба не за да се откажеме, туку за да водиме, за да предводиме и да им обезбедиме подобра иднина. Време е да ги собереме впечатоците, и да ѝ обезбедиме европска иднина на земјата, додаде Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.