Македонците што се во Русија по која било основа да се вратат во Македонија ако немаат неодложни обврски таму, оти е можно во иднина враќањето да не биде можно, предупреди министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Имаме наши граѓани во Руската Федерација, студенти, бизнисмени, луѓе кои се таму по разни основи. Не предвидуваме безбедносно нарушување таму, но, соопштението до Македонците го испративме поради фактот што со затворање на воздушнит простор за Русија се ограничува можноста за комерцијални летови. Ги предупредивме граѓаните ако немаат некои неодложни активности таму да се вратат во земјава, оти утре може да се најдат во ситуација да не можат да се вратат – рече Османи.
МНР испрати соопштение до нашите граѓани во Русија да се вратат дома, заради одлуката на ЕУ и другите европски земји, вклучувајќи ја и Македонија, за затвoрање на европскиот воздушен простор за руските авиопревозници.
„Апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација да ги искористат сè уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја. Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авиолиниите од и кон Русија“, се вели во соопштението на МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.