Владимир Путин е олицетворение на антицивилизацијата и ќе биде поразен. Тој се однесува како мафијаш, вели лидерот на ДПА, Мендух Тачи вчеравечер во гостување на емисијата „Клик плус“.

Тој појаснува дека ова што се случува во Украина е војна на Западот против антицивилизацијата.

На крајот Путин ќе загуби. Западот е сериозно решен да стави крај на ова. Не знам дали ова го кажал Мајаковски или Достоевски, но денеска не се истите оние Руси од времето на царска Русија, со култура, со уметност. Кај денешните Руси преовладува неморал, блуд, атеизам- вели Тачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.