Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе ја промовира специјалната поштенската марка издадена по повод Претседавањето на Македонија со регионалната безбедносна организација во Европа, ОБСЕ.

Промоцијата на специјалната поштенска марка ќе се одржи во просториите на Спортски центар „Борис Трајковски“, кој е во фаза на подготовка за одржување на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ на 30 ноември и 1 декември.

Како што соопштија од МНР, на промоцијата ќе присуствува и претседателот Стево Пендаровски.

Промоцијата ќе ја отвори министерот Османи, а свое обраќање ќе има и директорката на А.Д. Пошта, Бујаре Абази.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.