Откако „Курир“ го објави ПРОТОКОЛОТ кој македонската Влада се обидува да го сокрие од граѓаните, се огласија и од Министерството за надворешни работи.
Од таму не ја демантираат веродостојноста на протоколот, туку само велат дека верзијата била стара.
Реакцијата на МНР, ја пренесуваме во целост:
„Повторно во јавноста се појавија неточни информации за содржината на Протоколот меѓу Република Македонија и Република Бугарија, кој треба да претставува записник од предвидената Заедничка меѓувладина комисија која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.
Во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој претставува стара и неконечна верзија, како дел од од бројните сет идеи кои во минатиот период се разменуваа меѓу двете министерства за надворешни работи.
Во овој чувствителен момент, сметаме дека пласирањето на овие неточни информации претставува тенденциозен обид да се наруши процесот на широки консултации за Францускиот предлог за отстранување на ветото и продолжување на Европските интеграции на земјава, кој во моментов е во финална фаза во Собранието на Република Македонија
Во овој контекст би сакале да посочиме дека содржината на евентуалниот Протокол меѓу двете земји, како записник од идната седница на Заедничката меѓувладина комисија, финално ќе биде усогласен на самата седница на оваа Комисија“ – велат од МНР.
Првиот човек на МНР, Бујар Османи, предолго време избегнува да им ги даде на граѓаните потребните важни информации. Откако документот кој македонската страна го крие, ја виде светлината на денот на бугарски јазик, Османи одлучи да се оправда пред народот. Бидејќи за обелоденета вистина не може да каже дека е лага, гледаме дека единствено што направил со ова соопштение е тоа дека ја потврди автентичноста на објавениот протокол“.
Содржината на Протоколот може да ја прочитате на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.