Откако министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи потпишал решение поранешната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи да стане дипломат во конзулатот во Бон, Германија, извори во министерството откриваат дека тој издал и наредба веднаш, уште утре, на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, нешто за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена, пишува МКД.мк
Колегите во конзуларното одделение добиле ултиматум пасошот на Бесмира Ејупи по најбрза постапка да се изготви утре, за таа да замине за Бон во вторник. Треба да се знае дека за дипломатски пасош сме чекале најмалку 15 дена, вели дипломат за МКД.мк.
Се прави преседан кој одново ја урнисува македонската дипломатија, вели дипломатот и додава дека е некоректно и политички неупатно, министер кому му се избројани деновите кога ќе ја напушти функцијата и ќе замине во опозиција, да прави кадровски решенија кои ќе имаат одраз врз работата на идниот министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.