Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Австрија во Македонија, Мартин Памер.

Министерот Османи посакувајќи му добредојде и успешна дипломатска мисија на новиот Амбасадор, истакна дека очекува поблиска соработка, како и изрази задоволство од одличната билатерална соработка меѓу двете земји, која се карактеризира со активен политички дијалог на највисоко ниво, што претставува потврда за определбата и интересот на двете држави за натамошно зајакнување на односите и во економската сфера.

Амбасадорот Памер ја реафирмира позицијата на недвосмислена поддршка на Австрија за нашиот евро-интегративен процес, поздравувајќи ја сеопфатната реформска агенда на Владата на Македонија со акцент на актуелните предизвици во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.