Министерот за надворешни работи, Бујар Османи порача дека не ни треба кавгаџиска политика и дека, како што ја обвинуваме Грција дека не ги исполнила сите обврски, нив не ги исполнила и Македонија, бидејќи законите за промена на имињата на МРТ и на МАНУ стојат заглавени пет години во Собранието.
Според него, столбот на Преспанскиот договор е давањето поддршка од страна на Грција за нашата интеграција во ЕУ и во НАТО, а таа обврска е исполнета и не треба да се загрозува со споредни прашања. Ако сакаме да најдеме мани, може да најдеме и во односите со САД, рече Османи, апелирајќи да се престане со барањето проблеми таму каде што ги нема. Османи беше експлицитен дека суштинската обврска на Преспанскиот договор е исполнета од Грција и дека благодарејќи на грчката поддршка Македонија е членка на НАТО и доби датум за преговори со ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.