Министрите за надворешни работи на Македонија и Србија, Бујар Османи и Никола Селаковиќ, во рамките на денешните активности остварија посета на локацијата каде што е предвидено да се постави нов заедничкиот граничен премин меѓу двете земји, во Лојане – Миратовац.
Како што соопшти МНР, овој проект кој има значајни придобивки за граѓаните од овој регион кој ќе го олесни движењето, комуникацијата и регионалниот развој на овој дел од двете страни на границата.
Граничниот премин ќе го скрати патувањето на жителите од околните места кои и покрај територијалната близина, актуелно се принудени да патуваат десетици километри до постоечките гранични премини за да стигнат до своите роднини од другата страна на границата.
Договорот за граничниот премин Лојане – Миратовац беше потпишан во декември 2019 година, а претстои усогласување на Протоколот за начинот на спроведување на граничните контроли на заедничкиот граничен премин, за што потоа ќе се преземат и конкретни активности за отворање на овој граничен премин.
Двајцата министри изразија подготвеност за интензивирање на активностите со цел што побрза реализација на овој значаен проект кој исто така го одразува духот на иницијативата Отворен Балкан за олеснета комуникација на народите, стои во соопштението на МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.