Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека е неопходно владата да набави авион, но тоа е тешко затоа што јавноста ќе го смета тоа за луксуз.

Османи рече дека пред евакуацијата на македонските граѓани од Израел, Владата имала седница на која одлучено е да се обезбеди чартер лет за евакуација на наши граѓани од Тел Авив, но тоа било многу тешко поради ситуацијата во Израел.

Владата веднаш свика седница и обезбеди средства до СЗР да обезбеди веднаш чартер-лет. Но поради безбедноста беше тешко да обезбеди таков лет до Тел Авив, но се најде „Ер-Србија“ како авиокомпанија која прифати да склучи договор со Владата. СЗР ги покри трошоците на сите граѓани, така што граѓаните не беа принудени да платат – рече министерот Османи.

Тој посочи дека Владата не се решава да набави авион бидејќи јавноста тоа ќе го смета за луксуз.

Ова уште еднаш зборува за фактот колку ни отежнува што немаме владин авион. Албанската влада уште првиот ден ги евакуираше своите граѓани, затоа што имаше свој владин авион. Сите влади не се осмелуваат да набават свој авион, затоа што реакцијата на јавноста би била дека тоа би било луксуз. Ете на пример вакцините доцнеа поради тоа што немавме авион. Имаме владино летало, но тоа не е соодветно да одговори на вакви ситуации. Затоа вакви работи покажуваат дека има потреба, но за тоа ќе видиме понатаму – рече Османи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.