Општина Тетово, со цел транспарентност кон јавноста, го објавува Списокот на сите договори на дело склучени со општина Тетово за 2021 година. Се работи за вкупно 811 договори на дело.
Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово, под раководство на структурите од претходната локална власт.
На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави, стои во објавата на страницата на Општината.
Од општината велат дека ќе продолжат тековно да ги објавуваат сите договори на дело, секој месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук.
Листа со имињата вработените со договори на дело 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.